По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираат мото дефиле во Скопје, со цел да испратат порака за важноста на семејството, заедништвото и грижата за децата и младите без родителска грижа.
Настанот ќе се одржи во петок, 15 мај, со почеток во 17:00 часот, на локацијата Фонтана парк во Скопје, каде ќе започне собирањето и подготовките на учесниците, по што ќе стартува дефилето.
Организаторите истакнуваат дека посетителите и медиумите ќе имаат можност да ги забележат подготовките на моторџиите, стартот на дефилето и да земат изјави од претставници на СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“.
Од СОС Детско село посочуваат дека оваа активност е дел од нивните напори за јакнење на јавната свест за децата без родителска грижа и потребата од поддршка од заедницата.
Пораката на настанот е дека секое дете заслужува љубов, сигурност и стабилна средина за раст и развој, а заедницата има клучна улога во нивната заштита и интеграција.