Можно е намалување на ДДВ за горивата

Во Македонија во понеделникот се случи нагло зголемување на цените на горивата кога литар дизел поскапе за шест, а безнинот за три денари

Владата размислува за ново намалување на Данокот на додадена вредност за горивата.

Ваквиот став доаѓа откако цената на нафтата на светските берзи е во постојан раст по размената на напади меѓу САД и Иран и блокирањето на Ормускиот теснец.

Македонските власти велат дека ја следат состојбата и уверуваат дека ќе интервенираат со дополнителни мерки, дополнително ги анализираме дали ќе бидат таргетирани, дали генерални како што беше и претходно.

Според премиерот Христијан Мицкоски се размислува и за намалување на ДДВ-то на горивата, додавајќи дека тоа е најмалку посакувана опција, затоа што како што рече намалувањето на ДДВ-то би се одразило директно на приходите во државниот буџет.

Во Македонија во понеделникот се случи нагло зголемување на цените на горивата кога литар дизел поскапе за шест, а литар безнин за три денари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс