Search

Многу саемски новитети, промоции, попусти и саемски дружби најавуваат од Сакам книги за годинешниот Саем на книга

Под мотото сѐ започнува со книга, од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

Сакам книги за овој саем на книга подготви избор од преку 400 наслови за сите вкусови и за сечиј џеб. Попусти до 50%, хит наслови од 199 денари, подароци и дружби ветија издавачите.

За повеќе детали за саемската понуда, сите заинтересирани можат да го прегледаат саемскиот водич на линкот: https://bit.ly/3W3Kbw5

Како ексклузивна и неповторлива промоција и дружба со читателите го најавуваат денешното гостување на Алиса Фини на штандот на Сакам книги во 16 часот.

Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

Саемските попусти важат на нивниот штанд во Арена Борис Трајковски, во сите САКАМ КНИГИ книжарници и онлајн на www.sakamknigi.mk за сите оние кои не се во можност да дојдат на саемот.

„Саемот на книга започнува со книга. Односно, со МНОГУ книги, за сечиј вкус, на едно место, во исто време. Со многу незаборавни мигови, со многу полни торби, со многу дружење со пријатели читатели и автори, со многу радост и рој насмевки. Денес ве очекуваме во голем број за да ѝ покажеме на Алиса Фини какви читатели има во Македонија. Можеби не сме големи, можеби не можеме да продадеме милионски тиражи, можеби не сме богати како други во Европа, но сме најголеми во срце, најбогати по прочитани книги и најискрени во нашата љубов кон книгите и кон авторите. Нека и таа замине одовде со убав спомен и зборовите кои Крис Картер претходната година ни ги кажа: ‘Секаде ќе раскажувам како си поминав во Македонија и како бев дочекан таму’. Можеби само вака, читател по читател, автор по автор, ќе успееме да покажеме дека вреди да се посети Македонија и вреди да се запознаат македонските верни читатели“, велат од Сакам книги во пресрет на гостувањето на светски познатата Алиса Фини.

Најново

Последни колумни