Како аромата на какао го лажи мозокот дека сме сити пред кревање тегови?

Вдишувањето мирис на темно чоколадо пред тренинг го потиснува апетитот и овозможува дури 18 повторувања повеќе без дополнителен замор.

Арома на темно чоколадо пред физички напор го потиснува гладот и значително ја зголемува мускулната издржливост кај спортистите. Ова го покажува ново истражување објавено во научното списание Appetite, спроведено од истражувачки тим на Државниот универзитет во Мичиген. Научниците утврдиле дека мирисот на какао директно влијае врз мозочните центри за ситост, овозможувајќи им на вежбачите да направат повеќе повторувања при напорни вежби за нозе без да почувствуваат поголем физички замор.

Во експериментот учествувале здрави возрасни лица кои изведувале стандардизирани серии вежби за долниот дел од телото, конкретно екстензија на нозе до мускулен отказ. Истражувачите ги поделиле испитаниците во групи кои пред и меѓу сериите мирисале темно чоколадо или неутрален контролен мирис.

Резултатите покажале јасна разлика во физичкиот капацитет. Групата изложена на арома од темно чоколадо во просек постигнала 18 повторувања повеќе во текот на тренингот во споредба со контролната група. Скалата за субјективен напор покажала дека испитаниците не пријавиле повисоко ниво на исцрпеност и покрај поголемиот волумен на завршена работа.

Физиолошкиот механизам се базира на сложената хемија на мирисите и нивната врска со олфакторниот кортекс и лимбичкиот систем. Истражувачите објаснуваат дека богатото присуство на испарливи соединенија во темното чоколадо испраќа сигнал за ситост до центарот за апетит во хипоталамусот.

Овој процес предизвикува невролошка реакција на награда слична на онаа при консумирање храна, но без да го оптовари дигестивниот систем со калории. Потиснувањето на чувството на празен стомак спречува падови во мотивацијата и овозможува подобра ментална концентрација при кревање тегови.

Експертите за спортска исхрана кои не биле вклучени во студијата посочуваат дека олфакторните стимулации не можат да бидат целосна замена за квалитетен оброк пред тренинг. Мирисот може да помогне во регулација на апетитот и моменталниот фокус, но не создава гликоген во мускулите.

За оние што вежбаат во состојба на пост или сакаат да избегнат чувство на тежина во стомакот пред интензивен тренинг, мириасњето природно какао претставува практична и евтина алатка за краткотрајно поместување на границата на издржливост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс