Меси води, Халанд и Мбапе го следат во трката за најдобар стрелец

Меси со пет и Халанд и Мбапе со по четири погодиоци ја предводат трката за „Златната копачка“ и најдобар стрелец на турнирот

Денес се комплетира второто коло на Мундијалот, а освен првите пласмани во втората фаза, веќе се одвоија и неколку играчи кои имаат по неколку погодоци по првите два натпревари.

Лионел Меси вчера против Австрија постигна два гола и го задржа првото место на ранг листата на најдобар стрелец.

Аргентинецот во два меча има пет погодици.

Вчера, по два пати погодија и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд со што сега и двајцата имаат по четири погодоци.

Се чини дека токму тие ќе ја предводат трката за „Златната копачка“ на турнирот имајќи предвид дека сите три селекции се пласираа во следната фаза уште во второто коло.

Сепак треба да се сочека и дуелот на Англија против Гана каде Хари Кејн ќе го брка третиот, а можеби и четвртиот гол на Мундијалот во два натпревари.

На четвртото и петтото место се Денис Ундав од Германија и Џонатан Дејвид со по три погодоци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс