Лионел Меси, само два дена пред својот 39. роденден, повторно испиша историја на Светските првенства, поставувајќи дури четири рекорди во победата на Аргентина против Австрија со 2:0 во второто коло од групната фаза. Натпреварот го започна со промашен пенал во 9. минута, но брзо се врати во игра. Во 38. минута, по одлична асистенција од Факундо Медина, Меси продре низ одбраната на Австрија и прецизно погоди за 1:0. Со тој гол стигна до 17 погодоци на Мундијалите и го надмина Мирослав Клосе.
Во самиот финиш на натпреварот, во петтата минута од судиското продолжение, Меси повторно се запиша во листата на стрелци. По контранапад и обид на Хулијан Алварез, топката се одби до него, а тој мирно реализираше за конечни 2:0 и свој 18. гол на Светските првенства.
Според Гинисовата книга на рекорди, Меси сега е:
- најдобар стрелец во историјата на Светските првенства (18 голови)
- играч со најмногу одиграни натпревари на СП (28)
- играч со најмногу победи на СП (18)
- играч со најмногу минути на Мундијали (2489)
„Сведоци сме на историја“, порачаа од Гинис по уште едно големо достигнување на Меси на неговото шесто Светско првенство.