Мелони и Зеленски разговарале телефонски: Украинскиот претседател ѝ се извинил на италијанската премиерка

Зеленски се извинил затоа што Украина претходно не ја информирала Италија за операцијата против руски брод во Либија. Двајцата лидери се договориле за подобра координација во иднина.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони разговарала телефонски со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ѝ се извинил затоа што Украина претходно не ја известила Италија за операцијата против руски брод во Либија, објави италијанскиот весник „Ил Фољо“. Според весникот, Мелони за време на разговорот укажала на сложеноста на ситуацијата и објаснила зошто е важно Италија однапред да биде информирана за вакви операции.


Двајцата лидери се согласиле во иднина да воспостават подобра координација. Украинските разузнавачки служби ќе доставуваат повеќе информации за своите операции однапред, наведува „Ил Фољо“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс