Мечка се заглавила во затворен џип во населбата Гоулд Хил, Колорадо, и цела ноќ трубела на свирката, потпирајќи се на неа од предното седиште. Жителите наутро во недела открија дека изворот на бучавата не е сосед, туку диво животно заробено во возилото.
Патрик Саливан споделил снимка од мобилен телефон на сцената што ја затекнале жителите на Гоулд Хил кога тргнале да истражат од каде доаѓа трубењето во недела наутро. На снимката се гледа мечка на предното седиште од затворениот џип, потпирена на свирката.
Маж употребил долго јаже за да отвори едната врата на возилото од далечина, по што мечката излегла и побегнала.
Жителите изјавиле дека мечката предизвикала оштетувања на бочниот панел на автомобилот и го активирала воздушното перниче на страната на возачот.