Скоро и да нема жена која голем дел од своето време не го троши на избор на облека, како би оставиле впечаток во општеството, но и кај спротивниот пол. Сепак постојат и тип на жени кои толку многу се окупирани со изборот на секое парче облека, што максимално се посветуваат и на дизаинот на долната облека.
Според експертите, мажите не секогаш исто гледаат на една жена врз основа на изборот на нивните гаќички. Некои познавачи сметаат дека и тоа како изгледот на женските гаќички влијае врз психологијата на мажите. За едни тангата е симбол на еротика, за други принтаните боксерки.
Чипкаста танга
Сигурно поседувате по една во сите бои за да ви одговара на расположението во текот на денот и сѐ уште сакате ноќни излегувања.
Гаќички со принт
Сѐ што е со некаков принт (слатки животни, букви, точки…) изгледа малку детски, но некои момци го сакаат тоа.
Флертувачка танга
Веројатно постојано излегувате од комфорната зона и секогаш сакате да се чувствувате женствено и секси.
Танга со нитни
Не можете да ги заборавите вашите средношколски денови. Време е да прифатите дека тој дел од вашиот живот завршил и да започнете да уживате во удопствата на возрасните.
Проѕирни боксерки
Изгледате како машкуданка, но во вистинските моменти го покажувате вашиот сокриен сексапил. Обожавате да го победувате партнерот во пикадо, сметате дека можете да испиете повеќе од него и мислите дека можете да го победите во билјард.
Гаќички со висок струк
Ако носите ваков пар тогаш вие дефинитивно се фокусирате на вашата работа и исполнувањето на вашите цели. Иако сакате да си играте игри, најголем процент од времето сакате да имате целосна контрола врз нештата.
Безобразна танга
Ова е агресивно парче долна облека, исто како и нејзиниот сопственик кој знае одлично да се бакнува. Иако изгледаат како долен дел од костум за капење, тие сепак имаат своја убавина.
Боксерки
Вие сте обожавател на здравиот живот и времето за фитнес за вас е најубавиот дел од денот. Тие изгледаат толку секојдневно и релаксирано, што кога би можеле би ги носеле секој ден за секакви пригоди.
Изовр: kurir.rs