ВИДЕО: Матуранти од Хрватска ѝ подарија автомобил на класната раководителка

Матуранти од Средното техничко училиште во Задар ја изненадија својата класна раководителка со автомобил во знак на благодарност за четиригодишната поддршка.

Професорка од Средното техничко училиште во Задар доби несекојдневно изненадување од своите матуранти, кои ѝ подарија автомобил во знак на благодарност за четиригодишната поддршка, труд и посветеност.

Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари ја организирале акцијата во тајност, а автомобилот ѝ бил предаден во дворот на училиштето, пред нејзините ученици и колеги.

Според хрватските медиуми, професорката Нина, која им била класна раководителка, останала без зборови кога сфатила дека учениците навистина ѝ подаруваат автомобил.

Моментот бил исполнет со силни емоции, аплаузи и навивање од матурантите, кои на овој начин сакале да ѝ се заблагодарат за грижата, трпението и воспитувањето што го добиле во текот на средношколските години.

Снимката од изненадувањето брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Многумина го оценија гестот како редок и емотивен пример на почит меѓу учениците и наставниците.

Во време кога сè почесто се зборува за проблеми во образованието, оваа приказна од Задар потсетува дека односот меѓу професорите и учениците може да остави длабока трага и по завршувањето на школувањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс