Matt Kiatipis-MK во РеТрн: македонски корени, кошарка и патувања

Matt „MK“ Kiatipis гостува во РеТрн. 1v1 со Дениз, разговор за кошарката, патувањата, животот на социјалните мрежи и неговите македонски корени.

Ако ви излегуваат 1v1 кошаркарски видеа на Instagram или TikTok, големи се шансите веќе да знаете кој е Matt Kiatipis – MK. Канаѓанецот патува низ светот, оди на локални терени, предизвикува играчи на баскет и ретко кога поминува незабележано.

Овој пат стигна и во Македонија, земја со која вели дека има и семејна поврзаност – MK открива дека има македонски корени од Ресен. А кога веќе е тука, нормално беше да ни гостува и во РеТрн.

Само што Дениз не го пречека со класично интервју. Прво – 1v1. Кој победи? Тоа ќе оставиме да во видите во епизодата.

Тој одговори и на неколку прашања: Дали конфликтите и провокациите што ги гледаме во неговите видеа се реални? Колку заработува месечно? Интроверт или екстроверт? Што би работел ако утре ја остави кошарката?

Зборувавме и за патувањата и неговата желба да запознава нови држави и луѓе, но и за македонско-грчките односи. За MK одговорот е прилично едноставен – не сака поделби и луѓето ги гледа според тоа какви се како личности.

И, секако, Дениз мораше да го постави можеби најважното прашање од сите:

Дали Македонките се најубавите девојки на свет?

MK × Дениз.

Погледнете ја новата епизода на РеТрн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс