Шест лица загинаа во масовно пукање што се случи во дом за згрижување млади во центарот на германскиот град Штаде, во покраината Долна Саксонија, пренесуваат германските медиуми. Според првичните информации, пет лица починале на местото на нападот, додека шестата жртва им подлегнала на тешките повреди во болница, и покрај напорите на лекарите да ѝ го спасат животот.
Полицијата соопшти дека сите жртви се наоѓале во зградата во моментот на нападот. Меѓу загинатите има четири жени и еден маж, додека шестата жртва починала по реанимација во болничка установа. По нападот, германската полиција го уапсила главниот осомничен, кој според локалните медиуми е маж. Дополнително, приведени се уште две лица, меѓу кои и една жена, кои моментално се испрашуваат.
Засега не е познато дали приведените имаат директна поврзаност со нападот, а мотивот за пукањето сè уште не е утврден. На местото на трагедијата е во тек обемна полициска истрага, а властите најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршувањето на увидот.