Масовна тепачка се случила вчера попладне точно пред влезот на полициската станица во Кочани при што повредени биле неколку лица.
Инцидентот за кој кружеа видеа по социјалните мрежи го потврди и МВР.
„Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко.
Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.
По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци. За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција“ велат од МВР