Мал француски град наследил 10 милиони евра од човек кој никогаш не живеел таму

Градот Тибервил во Нормандија добил неочекуван приход вреден пет пати поголем од годишниот општински буџет од париски жител кој го носел истото презиме – Тибервил.

За време на долгиот живот на Роже Тибервил, тој никогаш не го посетил градот во Нормандија што му го дал неговото презиме. Тој потекнува од семејство на сопственици на лозја, наследил имот во Париз од неговите родители и работел како метеоролог.

Но, кога Тибервил почина во август на 91-годишна возраст, градоначалникот на градот со 1.773 жители добил телефонски повик во кој го информираше дека починатиот му оставил на градот во аманет најголемиот дел од своето богатство, проценето на 10 милиони евра.

Гај Пари, градоначалникот на Тибервил, вели дека изненадени и воодушевени локални жители и официјални лица сега размислуваат како да ги потрошат неочекуваните пари, што е пет пати повеќе од годишниот буџет на општината.

„Тоа е извонредна сума на пари. Ова е надвор од нашите најлуди соништа“, изјави Пари за локална радио станица. „Сè уште не знаеме што да правиме со нив.“

„Нема да потрошиме се. Ќе управуваме со ова наследство како што секогаш правевме со нашиот општински буџет – претпазливо и одговорно“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни