Дизелот поевтинува за три денари, бензините надолу за 1,5 денар

Намалувањето следи по падот на берзанските котации и пресметаната пониска акциза, додека цената на бензините паѓа за денар и пол.

Малопродажните цени на нафтените деривати во земјава од ноќеска во просек се намалуваат за 1,85 отсто. Според новата одлука на надлежните, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство бележат најголем пад и поевтинуваат за три денари по литар, додека двата бензина од ноќеска ќе се точат по цена пониска за 1,50 денари.

Со најновата одлука, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) паѓа за 3,00 денари по литар во однос на цените утврдени на 28 септември. Со тоа, литар дизел на бензинските пумпи ќе се продава по цена од 97,00 денари.

За три денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова вредност ќе изнесува 108,50 денари за литар.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 денари по литар. Литар 95-октанец во следниот период ќе чини 98,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 100,50 денари за литар.

Корекцијата на малопродажните цени се темели на пресметките од падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и на законските даночни олеснувања. Во пресметката е применет намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините и кај дизелот, согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи. Ова намалување директно соодветствува со движењето на средните дневни берзански цени на котацијата на медитеранските товари од извештаите на „Платс“ (Platt’s European Marketscan) во периодот од 16 до 30 септември 2026 година.

Во одлуката дополнително е пресметана и повластената стапка на ДДВ за ЕУРОДИЗЕЛ од 10 отсто, утврдена со владината одлука објавена во Службен весник бр. 228/26, што овозможи поголемо намалување на крајната цена за возачите на дизел возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс