Макрон: Франција никогаш не планирала да испрати воени бродови во Ормускиот Теснец

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција не планирала распоредување воени бродови во Ормускиот Теснец, туку безбедносна мисија во координација со Иран.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Франција „никогаш не разгледувала распоредување“ поморски сили во Ормускиот Теснец, туку безбедносна мисија „во договор со Иран“.

На прес-конференција во Најроби, главниот град на Кенија, Макрон повтори дека се противи на „каква било блокада од која било страна“, без разлика дали станува збор за американска или иранска, како и на наплата на какви било такси за овозможување слободна пловидба. Изјавата доаѓа откако Иран денеска се закани со „одлучен и непосреден одговор“ доколку Франција и Велика Британија распоредат поморски сили во Ормускиот Теснец, по најавите од Париз и Лондон за можно испраќање воени бродови во регионот.

„Никогаш не станало збор за распоредување бродови, но подготвени сме“, истакна Макрон.

Мисија во координација со Иран

Францускиот претседател објасни дека е формирана ад хок мисија предводена од Велика Британија, во која учествуваат 50 држави и меѓународни организации.

„Во соработка со Иран и со цел намалување на тензиите со сите земји во регионот и со Соединетите Американски Држави, сакаме да обезбедиме продолжување на поморскиот сообраќај веднаш штом условите ќе го дозволат тоа“, рече Макрон.

Тој нагласи дека целта е да се овозможи транспорт на ѓубрива, храна и енергенси преку Ормускиот Теснец, низ кој минува голем дел од нафтата што се извезува од Блискиот Исток.

Макрон, кој е во посета на Африка, изјави дека „целиот африкански континент моментално страда поради блокадата“ на Ормускиот Теснец.Франција минатата недела соопшти дека нејзиниот носач на авиони Charles de Gaulle поминал низ Суецкиот Канал за да биде подготвен доколку безбедносната мисија биде активирана во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни