Холивудска насмевка и целосна трансформација: Македонија ја добива првата голема „Makeover“ емисија

За првпат кај нас започнува проект што обединува повеќе од 10 врвни експерти за целосна физичка трансформација на кандидатите. Пријавувањето е веќе отворено, а избраните учесници ќе добијат професионални третмани и комплетен нов изглед.
Screenshot

Македонија наскоро ќе ја добие својата прва голема „Makeover“ емисија, проект инспириран од светските формати за екстремни трансформации, кој има за цел да им овозможи на кандидатите не само нов изглед, туку и поголема самодоверба.

Станува збор за концепт што ги следи современите трендови во индустријата за убавина и обединува тим од повеќе од десет искусни професионалци од различни области. Проектот е насочен кон создавање целосна визуелна метаморфоза преку комбинација на стоматолошки, козметички, естетски и стилски интервенции.

За холивудска насмевка ќе биде задолжена стоматолошката ординација „Д-р Баткоски“, додека за нега и ревитализација на лицето и косата ќе се грижат експертите од „Виа Фарм“ аптеките. Финалниот изглед ќе биде комплетиран со професионална шминка на Make Up Meri, како и со тим стилисти и експерти за убавина кои ќе работат на целокупната трансформација.

Организаторите велат дека идејата не е само разубавување, туку создавање искуство што ќе им помогне на учесниците да започнат ново животно поглавје.

„Ова не е само уште едно разубавување, туку вистинска метаморфоза која покажува што може да се постигне кога врвни професионалци ќе работат како еден тим“, порачуваат од проектот.

Во моментов е отворен јавниот повик за пријавување. Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа единствена трансформација можат да аплицираат преку онлајн формуларот објавен од организаторите.

Со ова, Македонија за првпат добива формат кој на едно место ги обединува експертите од различни сегменти на индустријата за убавина, нудејќи им на кандидатите можност за комплетна промена на изгледот и нов почеток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс