Од зајдисонце до изгрејсонце, летото во Ибица и Миконос се живее во ритам што не запира. Двата острова и оваа сезона се центар на глобалната летна сцена, каде музиката, плажите и ноќниот живот создаваат атмосфера што трае 24 часа.
Ибица и понатаму важи за светска престолнина на електронската музика. Дневните забави покрај море, плажите полни со музика и коктели, како и настапите во клубови како „Ушуаја“, „Амнезија“ и „Пача“, го претвораат островот во место каде забавата практично никогаш не завршува. Секое зајдисонце е вовед во нова вечер исполнета со музика, танцување и споделување моменти на социјалните мрежи.

Од друга страна, Миконос нуди поинаква медитеранска атмосфера, со белите куќи, тесните калдрмисани улички и вечерите покрај Егејското Море. Но и таму, штом ќе зајде сонцето, островот добива сосема нова енергија. Од зајдисонцата во „Мала Венеција“ до забавите на „Парадајс Бич“, Миконос останува симбол на безгрижното грчко лето.

Во ваков динамичен ритам, интернет конекцијата станува дел од самото патување. Споделување видеа од настапи, фотографии од плажи, мапи за движење низ островите, стримови од диџеј сетови и постојана комуникација со друштвото се дел од секојдневието на туристите.
Токму затоа, за корисниците на Македонски Телеком, патувањето низ Европа и светот значи слобода да бидат постојано поврзани без грижа за прекини или недостапен интернет. Со роаминг услуги достапни во повеќе од 60 земји, секој момент од Ибица и Миконос може веднаш да се сподели, од зајдисонце на плажа до ноќни забави што траат до изгрејсонце.
Кога летото се живее со полна енергија, и поврзаноста треба да биде без ограничувања.