Македон освои два златни медали на Германската математичка олимпијада!

Македон освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик

Младиот математичар Македон Димитровски постигна историски успех на Германската математичка олимпијада.

Тој освои златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик, а веста ја објави неговиот татко.

„Со своите блескави резултати, Мaкедон беше прогласен и во престижната група на ЛАУРЕАТИ — признание резервирано само за најдобрите од најдобрите!

Овој неверојатен успех е доказ за врвен талент, огромна посветеност и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена. Честитки, Мaкедон! Ти си наша гордост, инспирација и вистински шампион“ стои во објавата на таткото на Македон,

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни