Актерот Мајкл Џеј Фокс на синоќешното доделување на телевизиските Еми награди го доби специјалното хуманитарно признание „Боб Хоуп“ за неговиот долгогодишен придонес во истражувањата на Паркинсоновата болест. Телевизиската академија му оддаде почит за неговата граѓанска посветеност, по што холивудската публика го поздрави со неколкуминутни стоечки овации.
Телевизиската академија ја објави одлуката за доделување на наградата уште летово, истакнувајќи дека хуманитарната работа на Фокс остави траен белег врз општеството. Признанието „Боб Хоуп“ им се доделува на поединци од телевизиската индустрија чиј општествен ангажман надминува професионалните рамки на екранот.
Телевизиската академија ја објави одлуката за доделување на наградата уште летово, истакнувајќи дека хуманитарната работа на Фокс остави траен белег врз општеството. Признанието „Боб Хоуп“ им се доделува на поединци од телевизиската индустрија чиј општествен ангажман надминува професионалните рамки на екранот.
Фокс ја основа својата фондација во 2000 година, две години откако јавно соопшти дека боледува од Паркинсон. Организацијата во меѓувреме прерасна во најголем приватен донатор за научни студии во оваа област, финансирајќи медицински проекти во вредност поголема од три милијарди долари.
За време на обраќањето на сцената, актерот се присети на моментот кога ја дознал дијагнозата на почетокот од деведесеттите години и стравот што тогаш го чувствувал за сопствената професија.
„Во почетокот ја криев дијагнозата. Се грижев како тоа ќе влијае врз мојата работа и односот со гледачите. Ќе се смеат ли ако знаат дека сум болен?“, рече Фокс од сцената.
Тој им се заблагодари на колегите и публиката за постојаната поддршка низ годините.
„Сите ми дадовте толкава поддршка што почувствував дека можам да продолжам. Не го изгубив тоа со кое се бавам и болеста не можеше да ми го одземе тоа. А тоа е затоа што застанавте до мене“, порача актерот, заблагодарувајќи се и на својата сопруга Трејси Полан и нивните деца за трпението и љубовта.
Фокс отворено признава дека како што одминуваат годините, симптомите како треморот и губењето рамнотежа му создаваат сериозни потешкотии, особено при јавни настапи.
Сепак, тој одбива да се повлече од јавноста. За него, препознатливоста на сопственото име е само алатка со која побрзо се собираат средства за научните лаборатории. Како што самиот порача пред доделувањето на признанието, приоритетот останува ист секој ден: посветеност на пронаоѓањето конечен медицински лек за генерациите што доаѓаат.