Театарска вечер во отворено: „Љубовни писма” се враќа во The Dude

Претставата за петдецениска кореспонденција меѓу двајца луѓе кои животот постојано ги одделува, овој пат се игра под отворено небо.

Претставата „Љубовни писма” се враќа на сцената на The Dude Specialty Coffee во Скопје на 20 мај (среда) во 20:00 часот, овој пат како дел од отворањето на летната градина. Игор Ангелов и Верица Недеска повторно ги отелотворуваат Томас и Алис, двајца луѓе чија врска преживува само во напишаниот збор.

Приказна раскажана само со зборови

„Љубовни писма” е театарска дуодрама во која целото дејство се одвива низ писма. Нема декор, нема сложена сценографија, само двајца актери и текст кој опфаќа пет децении од животот на Томас и Алис. Нивната кореспонденција е простор каде се вкрстуваат љубовта, амбицијата, разочарувањето и созревањето, додека животот постојано ги носи по различни патишта.

Минималистичкиот пристап ја засилува емоцијата

Без сценски трикови, претставата го става целиот товар врз актерите и јазикот. Игор Ангелов и Верица Недеска создаваат портрети на луѓе кои постојат само во она што си го пишуваат – суптилно и длабоко човечко театарско доживување, според авторите на проектот.

Летната градина на The Dude како нова сцена

Изборот на просторот не е случаен. Интимноста на атмосферата во The Dude Specialty Coffee соодветствува со карактерот на претставата> приватна, блиска, без дистанца меѓу актерот и публиката. Отворањето на летната градина ја добива претставата „Љубовни писма” како своевидно пригодно театарско крштевање.

е-Трн да боцка во твојот инбокс