Оперативниот директор на Алсат-М, Хајредини пронајден мртов кај Мавровка

Полицијата го обезбедува местото каде што утрово е пронајдено телото, додека надлежните органи подготвуваат обдукција.

Оперативниот директор на националната телевизија Алсат-М, Лирим Хајредини, утрово е пронајден мртов во близина на трговскиот центар Мавровка во Скопје. Полициски екипи веднаш го обезбедија теренот, а истражните органи го преземаат случајот за утврдување на причините за смртта.

Безживотното тело на Хајредини било забележано рано утрово во непосредна близина на ТЦ Мавровка, каде што се наоѓа редакцијата на телевизијата. Полицијата го блокираше пристапот до локацијата за да се изврши детален увид на местото на настанот.

По првичниот увид на терен од страна на надлежниот јавен обвинител и полициските екипи, телото на починатиот е предадено на обдукција. Институциите треба дополнително да ги соопштат деталите за околностите под кои настапила смртта.

Хајредини ја вршеше функцијата оперативен директор на Алсат-М, првата национална телевизија во Македонија која емитува програма на албански и македонски јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс