Се враќа линијата „37“ од Радишани до Карпош

Град Скопје и ЈСП ја вратија линијата број 37 на ЈСП која ќе сообраќа од населбата Радишани до Карпош.

Новата траса е дизајнирана за првпат да го искористи булеварот „Словенија“, овозможувајќи им на жителите од Бутел и Радишани директно поврзување со средните училишта во Карпош, како и со трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Проектот се реализира во координација меѓу Градот Скопје и Општина Бутел.

Според најавите, линијата започнува со тест-период со промотивен капацитет во текот на летово, со цел патниците навреме да се запознаат со распоредот на возење.

Официјалниот старт на линијата број 37 е закажан за 1 септември кога ќе започне да сообраќа со целосен капацитет и редовен возен ред.

е-Трн да боцка во твојот инбокс