На видеото се гледа како силниот ветер, кој попладнево го погоди главниот град, носи лимен кров, кој паѓа врз автомобил кој чека на семафори на булеварот Партизански одреди.
Ваквиот инцидент одреден период го блокираше сообраќајот на крстосницата кај поликлиниката „Букурешт“.
Силното невреме кое попладнево го погоди Скопје предизвика огромна материјална штета низ градот и откорна десетици дрвја, од кои голем дел паднаа на автомобили.
Досега 11 лица побарале медицинска помош, а Град Скопје и општините во главниот град формираа кризни центри и најавија дека сите расположливи екипи остануваат на терен за расчистување на последиците и заштита на граѓаните од невреме во Скопје. Отворена е и директна телефонска линија каде што граѓаните можат да пријават штети или да побараат итна помош од градските служби.
Сите граѓани на кои им е потребна поддршка или се наоѓаат во итна состојба можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.