ВИЕДЕО: Лимен кров падна на возило, а дрво на коловозот на Партизанска во Скопје

Силното невреме проследено со ветер и пороен дожд попладнево предизвика сериозни штети низ главниот град.

На булеварот Партизански одреди, лимен кров падна врз возило на семафорите, поради што сообраќајот е целосно блокиран.

На истиот булевар е забележано и паднато дрво, во близина на Универзалната сала, што само придонесува кон хаосот во сообраќајот во главниот град.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје е целосно мобилизиран и во координација со Противпожарната бригада, ЦУК, МВР и ЕВН. Сите расположливи екипи остануваат на терен за расчистување на последиците и заштита на граѓаните од невреме во Скопје.

Поради настанатата ситуација, Град Скопје отвори директна телефонска линија каде што граѓаните можат да пријават штети или да побараат итна помош од градските служби.

Сите граѓани на кои им е потребна поддршка или се наоѓаат во итна состојба можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687.

е-Трн да боцка во твојот инбокс