Лето во октомври, но не за долго: Еве кога стигнува заладувањето

Сончево и натпросечно топло време се очекува во понеделник и во првата половина од неделата, со температури околу 27 до 29 степени. Кон крајот на работната недела се очекува пад на температурите и зголемување на условите за дожд.

Неделата ќе започне со сончево и релативно топло време. Во понеделник, 5 октомври, во Скопје се очекува претежно сончево време, со максимална температура околу 28 до 29 степени, додека утринските температури ќе бидат значително пониски и ќе се движат околу 3 до 4 степени.

И во вторник времето ќе остане топло, иако постепено ќе има повеќе облачност. Максималната температура ќе се движи околу 27 до 28 степени, а утринската околу 4 степени. Во среда повторно се очекува релативно топло време, со температури до околу 27 степени и променлива облачност.

Во четврток ќе има повеќе облаци, а температурите постепено ќе почнат да се намалуваат. Максималната температура во Скопје се очекува да биде околу 24 до 26 степени, додека утринската ќе биде околу 8 до 9 степени.

Позначајна промена се очекува во петок. Според актуелните прогнози, облачноста ќе се зголеми, а има и услови за врнежи од дожд. Температурата ќе се спушти до околу 22 до 23 степени, а утрото ќе биде посвежо.

За сабота се очекува постепено стабилизирање, со променлива облачност и повторно посуво време, додека во недела ќе биде умерено облачно, со температури околу 22 до 23 степени во најтоплиот дел од денот.

Така, неделата пред нас носи два различни временски периоди – топол и претежно сончев почеток, по кој кон петок следува заладување и можност за дожд. Утринските температури во текот на неделата ќе останат значително пониски од дневните, па разликата меѓу студените утра и топлите попладниња ќе биде особено изразена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс