Во рамки на платформата „Сити Базар“, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи летниот базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој 26 домашни ракотворци и креативци ќе ги претстават своите уникатни рачно изработени производи.
Посетителите ќе имаат можност на едно место да пронајдат разновидни производи инспирирани од летото – органска козметика за заштита од сонце, природни сапуни, летни чанти и марами, шаторчиња, лепези, термоси, декоративни предмети за домот, рачно изработен накит, керамика, ароматични билки, етерични масла, миризливи свеќи и многу други оригинални изработки.
Организаторите посочуваат дека базарот ќе понуди богат избор на производи создадени со различни занаетчиски техники и материјали. Меѓу нив се филигрански сребрен накит со современ дизајн, рачно насликана керамика, производи од кожа, накит изработен од епоксидна смола и полимерна глина, како и бројни предмети создадени од природни материјали.
На летниот базар ќе се претстават брендовите Poppy, Светник, Forest Stories, БЛИСКА, ЈУНИК КОРНЕР, Opullex Jewelry, Лила Handmade, Мое Сапунче, tilia.organica, Small Piece of Joy, Zen.Zeal, Лавита Агро, Апи Козметика, Декупаж Катче, Мое Катче, Матројшка, Игнеа Козметика, Јулија Барбун, Атеље Сиена, Marcy’s Handmade, vbunarovska, Вегама, SIRA Leather, Epoxy Handmade by Clay, Шарено Ќоше, Креативно Студио Алегра и Filigree LARGO.
Преку платформата „Сити Базар“, Скопје Сити Мол веќе неколку години активно го поддржува развојот на домашното занаетчиство и креативната индустрија, создавајќи простор каде локалните автори и производители можат директно да ги претстават своите производи пред пошироката публика.
Оваа иницијатива има за цел да ја зголеми видливоста на домашните брендови, да ја поттикне куповната поддршка за локалните производители и да придонесе за зачувување на традицијата на рачната изработка како значаен дел од современото македонско творештво.
Летниот базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“ ќе биде отворен за посетители во периодот од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол, нудејќи можност за инспиративно летно шопинг-искуство и запознавање со најновите креативни производи на домашните ракотворци.