Гиљермо Очоа голманот кој беше заштитно лице на Мексико официјално објави дека заминува во фудбалска пензија.
Со тоа, Очоа, стави крај на импресивната 22-годишна професионална кариера.
Очоа, кој за многумина е еден од најдобрите голмани во историјата на мексиканскиот фудбал, емотивно се прости од спортот преку порака на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на сите кои биле дел од неговото патување.
„Никогаш не можев да замислам колку далеку ќе ме одведе еден сон. Денес можам само со гордост да погледнам назад и да кажам: благодарам на моето семејство, на моите соиграчи и на секој навивач кој беше со мене во секој чекор од ова патување. Со себе ја носам љубовта на милиони луѓе и уверувањето дека дадов сè за Мексико. Тоа што го доживеавме никој не може да ни го одземе. Од срце ви благодарам за сè“, напиша Очоа.
Во клупската кариера, мексиканскиот чувар на мрежата ја освои шампионската титула со Америка во Клаусура 2005 година, а во Европа стигна до трофејот во Купот на Белгија со Стандард Лиеж.
Сепак, најголем печат остави во националниот тим. Со репрезентацијата на Мексико освои шест трофеи во Голд Купот на КОНКАКАФ, беше бронзен медалист на Олимписките игри во Токио 2020 и влезе во историјата како единствениот голман кој настапил на шест Светски првенства.