Лажни пријави за бомби повторно ги евакуираат хрватските училишта

Загреб, Задар и Сплит повторно се соочуваат со дојави за експлозивни направи, во бран што хрватските власти го поврзуваат со пораки испратени од странство.

Училиштата во Загреб повторно се соочуваат со пријави за бомби – утрово беше евакуирано Стручното училиште за претприемништво, а полицијата потврди дека постапува по новата пријава. Нови пријави за експлозивни направи пристигнаа во повеќе училишта на подрачјето на Загреб, но и во Задар и Сплит.

Ова е продолжение на бранот лажни пријави кој ја зафати Хрватска во изминатите недели. Пријавите за подметнати експлозивни направи во училишта и трговски центри во Хрватска и соседните земји масовно пристигаат веќе неколку недели, а досега сите се покажале лажни. Во петокот, поради пријави за бомби, беа евакуирани училишта во Загреб и Дубровачко-неретванската жупанија.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ истакна дека ваквите пораки доаѓаат од странство и дека хрватските служби интензивно соработуваат со меѓународните партнери, вклучувајќи Европол и американски агенции, со цел откривање на сторителите. страгата е во тек, а идентитетот на испраќачите сè уште не е утврден.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни