Хрватска и денес мета на лажни дојави за бомби низ училиштата

Нови лажни дојави за бомби се примени во училишта низ Хрватска, вклучувајќи ги Карловац, Пула, Шибеник, Сплит и Загреб. Полицијата врши проверки, а часовите се откажани.

Лажни пријави за поставени бомби се примени во неколку училишта низ Хрватска, вклучувајќи ги Карловац, Пула, Шибеник, Сплит и Загреб. Полицијата спроведува превентивни инспекции на зградите, а часовите се откажани.

Денес, малку по 9:00 часот наутро, на е-маил адресите на Полициската управа на Карловац и неколку училишта во областа на Карловачката жупанија е примена порака во која се наведува дека во образовните институции се поставени експлозивни направи, соопшти ПУ на Карловац.

Оттаму додадоа дека веднаш се испратени полицајци кои, во соработка со одговорните лица на образовните институции, вршат превентивни инспекции на објектите.

Ова е само продолжување на лажните дојави кои се засилија во тек на изминатата недела како во Хрватска, така и во другите земји на Балканот, односно Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни