Нови потресни детали за смртта на актерката Хејден Панетиер

Зак Хикерсон, брат на поранешниот партнер на Хејден Панетиер, во интервју за „Ти-ем-зи“ ги опиша последните мигови во апартманот, критиките во јавноста и плановите за фондација за помош на лица со зависности.
Фото: By Toglenn - Hayden Panettiere, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/wiki/Special:Redirect/page/25628029

Детали за тоа како изгледале последните минути пред смртта на актерката Хејден Панетиер првпат сподели Зак Хикерсон, брат на нејзиниот поранешен партнер Брајан Хикерсон, во интервју за „Ти-ем-зи“.

Тој раскажа дека кога дошол во апартманот каде што престојувале актерката и Брајан, таа седела наведната нанапред со прекрстени нозе, што на прв поглед не му изгледало загрижувачки. Сомнежот се појавил дури откако седнал до неа и забележал дека не дава никаква реакција. Откако го повикал Брајан и тие се обиделе да ја подигнат, Зак видел дека лицето ѝ станало виолетово, по што веднаш повикал итна помош и почнал со реанимација.

По доаѓањето на медицинските тимови, обидите за оживување продолжиле додека Зак чекал и се молел, опишувајќи го Брајан како силно потресен и во неверување. И покрај интервенцијата, лекарите ја констатирале смртта, а Зак, како што наведува, се помолил покрај неа, се збогувал и си заминал.


Од истражните наоди произлезе дека во телото на Панетиер биле откриени четири супстанции, вклучувајќи и фентанил. Нејзината смрт предизвика бројни реакции и полемики за околностите, при што мајката на актерката, Лесли Вогел, јавно го обвини Брајан, а двајцата браќа се соочија со остри критики. Во интервјуто Зак ги коментираше тие обвинувања и најави дека сака да формира фондација за поддршка на луѓето со зависности од дроги, со цел споменот на Панетиер да послужи за помош на други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс