Од општина Центар реагираа и соопштија дека ваквите залепени инструкции се со цел за измама и извлекување на парични средства од граѓаните.
„Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни ако забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk“, соопштија од ПОЦ.
Линкот до кој водеше QR кодот на залепените Дневни паркинг карти во моментов е недостапен, а граѓаните кои веќе се обиделе да платат за неправилно паркирано возило преку лажниот линк треба да се консултираат со своите банки за да ги заштитат своите сметки.