Search

„Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска вечерва премиерно во Турскиот Театар

Претставата „Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска, вечерва во 20 часот премиерно ќе биде изведена на сцената на Турскиот Театар. Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик.

„Дали лавината е само појава во природата или можеби ние во нашите глави сами го создадовме овој страв? “– се вели во описот на претставата.

Режисерката Поплавска е автор на сценографијата и костимографијата а Ристо Вртев од „Архангел“ е задолжен за музиката. Во претставата играат: Зиба Радончиќ, Селпин Керим, Ебру Мусли, Дин Ибрахим, Сузан Акбелге, Бурханетин Ибрахим, Џенап Самет, Слаѓана Вујошевиќ, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ, Емине Халил, Аксел Мемед и Наџије Кеч.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на Р.С.Македонија

Најново

Последни колумни