Ноќниот живот стагнира — се раѓа „дневниот ритам“
Се создава една нова енергија!
17 мај – ЛАБАВО на Козјак
Што е ЛАБАВО?
Во време кога ноќниот живот станува монотон, неизвесен и стегнат, се појавува едно ново движење кое носи сосема поинаква енергија, ЛАБАВО.
Лабаво не е само журка, ниту строго дефиниран концепт, а не е ни место што мора да го разбереш на еден точен начин.
ЛАБАВО е чувство, заедница и нова енергија, која полека се шири и кај нас, инспирирана од светските движења како soft clubbing, coffee clubbing, healthy clubbing, social club events и други форми на модерно социјализирање.
Како произлезе идејата?
Идејата произлегува од недостатокот на вистинска слобода во класичниот ноќен живот.
Од притисокот, ограничувањата, поделбите и очекувањата кои со тек на време станаа дел од секое излегување.
Луѓето почнаа да бараат нешто полесно, поопуштено, поприродно.
Место каде што музиката не е натпревар, туку енергија, каде што не мора да се вклопиш за да припаѓаш.
Каде што не постојат строги правила за тоа како треба да изгледаш, што да пиеш или како да се осеќаш.
Така се создаде ЛАБАВО.
Што претставува „ЛАБАВО“?
ЛАБАВО е нешто што секој може да го сфати на свој начин.
За некого е дневна журка со добро кафе и музика.
За некого е бегство од секојдневниот брз и напнат живот.
За некого е нов круг на луѓе, нова инспирација и чувство на припадност.
Ние сакаме да создадеме простор каде што сите можат да бидат свои – без предрасуди, без глумење и без притисок.
Шириме љубов, позитивна енергија, добра музика и градиме нова култура на социјализација.
Секој е добредојден токму таков каков што е.
Што да очекувате?
ЛАБАВО не поставува правила за тоа како треба да изгледа едно дружење.
Некој пие кафе или сок, некој смути, некој коктел или шприцер.
Некој доаѓа во лабав outfit, некој е дотеран, некој танцува, а некој само ужива во моментот.
И баш тоа е поентата, да се чувствуваш удобно во своја кожа.
Кој е добредојден?
Сите оние кои носат добра енергија, кои сакаат музика, слобода, дружење и искреност.
Сите кои веруваат дека атмосферата ја прават луѓето, а не правилата.
Дали ЛАБАВО е само тренд?
Можеби започнува како тренд, но станува начин на поврзување.
Новата генерација сè повеќе бара искуства што се искрени, здрави и исполнети со вистинска енергија. Наместо класично „излегување“, луѓето сакаат нешто оригинално и необично. Заедница. Момент што не мора да трае до 5 сабајле за да биде незаборавен.
ЛАБАВО е токму тоа, ново движење кое не те тера да бидеш нешто што не си.
Само дојди лабаво!