Search
Поддршка на културата преку европски фондови

Култура и креативност за Западен Балкан

 „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија, Министерството за култура и Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, го распишаа вториот циклус на повикот за поодршка на проекти од областа на културата и конкурентноста.

„Култура и креативност за Западен Балкан“ е проект на УНЕСКО, Британскиот совет и на Италијанската агенција за развојна соработка финансиран од Европската Унија.

Целта на повикот е да се поттикнат активностите на културниот и на  креативниот сектор со цел подобрување на вештините, знаењата и пристапот до финансиска поддршка во насока на зголемување на конкурентноста и одржување на копродукцијата и циркулацијата на услуги во Западен Балкан.

Проектот започна во април 2022 година и е со времетраење од 48 месеци. Во овој период проектот вклучува низа активности, како што се: техничка поддршка за анализа на податоци и управување со секторот култура, градење капацитети за креирање политики и регионални размени, воспоставување јавни/приватни партнерства за промовирање на културната и креативната валоризација на јавните простори, програми за културни лидерства, поврзување на независните медиумски портали во насока на создавање и споделување на културните содржини во регионот, механизми за стимулирање на приватното финансирање, мали проекти за заштита на културното наследство во насока на зајакнување на учеството на локалните заедници и споделување на добри практики во регионот и со земјите членки на ЕУ.

Повикот, критериумите и начините на аплицирање може да се најдат на следниве линкови:

за институции и организации: 

www.bit.ly/3ITpCdJ, 

со рок за поднесување најдоцна до 27 мај 2024 година;

за мали грантови за физички лица: 

www.bit.ly/4axMUBY, 

постојано отворен за аплицирање сѐ до 31 декември 2025 година.

Сите заинтересирани институции, организации и физички лица можат да учествуваат и на информативната сесија и презентација за проектот што ќе се одржи во Скопје на 19 април 2024 година со почеток во 10:00 часот во КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО.

Најново

Последни колумни