Иако многумина имаат навика да ги кршат таблетите за да ја намалат дозата, фармацевтите предупредуваат дека тоа не е секогаш безбедно. Таблетите често се обложени со посебен слој кој има важна функција.
Оваа обвивка служи за да се спречи лекот да се раствори во желудникот и да се заштити неговата слузокожа од агресивни состојки. Кога таблетата се крши, се губи таа заштита и се менува начинот на дејствување на лекот.
Дополнително, со кршењето не секогаш се добива точна половина од дозата, а кај некои лекови со повеќеслојна структура може целосно да се наруши нивниот ефект, што носи ризик од непредвидливи реакции.
Иако некои таблети имаат линија за делење, тоа не значи дека секогаш треба да се кршат. Експертите советуваат таблетите да се делат само ако тоа е јасно наведено во упатството или ако го препорача лекар или фармацевт.