Косово денес пред избор на нов претседател или нови избори

Рокот од Уставниот суд истекува, а политичките партии сè уште без договор за избор на шеф на државата.

Косово влегува во клучни 24 часа без договор за избор на претседател, откако рокот што го одреди Уставниот суд во Приштина истекува утре. Ако Собранието не избере шеф на државата до 28 април, парламентот автоматски ќе се распушти, а земјата ќе мора да оди на предвремени избори во рок од 45 дена.

Движењето „Самоопределување“, кое има најмногу пратеници, но нема доволно гласови самостојно да избере претседател, во саботата испрати понуда до двете најголеми опозициски партии, Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово.

Партијата предложи опозицијата да номинира три непартиски кандидати за претседател, во обид да се надмине политичкиот застој и да се избегне распуштање на Собранието.

Сепак, предлогот не доведе до приближување на позициите меѓу власта и опозицијата. Демократската партија на Косово, која е втора по број на пратеници, ја одби понудата.

Лидерот на ПДК, Бедри Хамза, го оцени предлогот како „маневар“ на „Самоопределување“ и порача дека за неговата партија прашањето за избор на претседател е веќе „затворено“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни