Копенхаген ќе ги наградува туристите кои ќе земат учество во еколошки задачи при посетата на градот

Копенхаген објави дека ќе ги наградува туристите со храна и активности ако земат учество во еколошки задачи при посетата на градот. Во пробната шема, која започнува на 15 јули, туристичките атракции во данскиот главен град ќе нудат награди за активности како собирање отпадоци, патување со јавен превоз или возење велосипед низ градот.

За награда, туристите ќе можат да изберат бесплатен оброк, кафе, чаша вино или изнајмување кајак.

„Шемата ‘CopenPay‘ е дизајнирана да го надомести еколошкиот товар на туризмот. Кога патувате во странство, вие загадувате. Една од работите што можеме да ја промениме е да ги натераме луѓето да дејствуваат поодржливо на дестинацијата. Планот е само мал чекор кон зелената транзиција“, вели шефицата за комуникации на туристичкиот одбор на Копенхаген, Рике Холм Петерсен.

Проектот е заснован врз доверба, па туристичките атракции нема да бараат доказ за одработената зелена активност.

24 организации досега се приклучиле на иницијативата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни