Контактни леќи кои ја виделе турнејата Eras на Тејлор Свифт се пуштени во продажба на Depop… за 10.000 долари! Обожавател на поп-ѕвездата ги ставил леќите на продажба откако бил воодушевен од нејзиниот последен концерт, на кој се изведени „Anti-Hero“, „Blank Space“ и „Cruel Summer“.
Наведувајќи ги леќите како „користени“, но во „одлична состојба“, тој ги препорачува на секој Swiftie, како што се нарекуваат фановите на Тејлор Свифт, што сака да користи леќите што ја виделе Тејлор Свифт како настапува во живо за „само“ 10 илјади долари.
Фотографиите од огласот, на кој има прикажано две контактни леќи на дланка, за потенцијалните купувачи да видат дали ги сакаат користените леќи, станаа вирални на социјалните мрежи.
Корисниците на Твитер и фановите на Тејлор Свифт реагираа на огласот, со смешни досетки но најчесто нарекувајќи го огласот „луд“, „глупав“ или „срамен“.
Откако огласот стана вирален, продавачот на искористените леќи сепак го избриша истиот и истанка дека сепак тоа било само шега.