Search

Конкурс за стрип корица на меѓународниот фестивал Стрип Трип

Организаторите и стрип фанатиците од Стрип книжарница Бункер ги објавуваат наградите за првиот конкурс на меѓународниот фестивал Стрип Трип. Првата награда е парична од 10,000 денари, втората ваучер од Бункер во вредност од 6,000 денари и третата е ваучер од Бункер во вредност од 3,000 денари.

„Пред се, би сакале да ви се заблагодариме за големиот интерес на конкурсот ,,Самураи во твојот град” и би сакале да ве известиме дека рокот за испраќање на Стрип Корица трае уште само неколку дена (до 26ти мај), а за тие што веќе сте испратиле, дефинитивно ќе имате јака конкуренција“, велат од Стрип Трип

Сите детали за конкурсот се достапни на следниот линк

Стрип Трип фестивалот ќе се одржи на 8 ми и 9 ти јуни во Младински Културен Центар.

Најново

Последни колумни