Блокадата на Ормуз удри и на кондомите: Карекс, добавувач на Дурекс и ОН, најавува поскапување до 30%

Кондомот стана жртва на геополитиката. Силиконското масло поскапело 30%, нитрил латексот се удвоил, а бродовите чекаат на Ормуз

Блокадата на Ормускиот Теснец веќе ги поскапи горивата, авионските карти и храната. Сега на ред е кондомот. Малезиската компанија Карекс, која произведува пет милијарди кондоми годишно и ги снабдува Дурекс, Трожан и програмите на Обединетите нации, најавува раст на цените од 20 до 30 проценти поради прекините во синџирите на снабдување предизвикани од иранската криза.

Ормус го блокира и контрацептивот

Карекс е одговорен за околу 20 отсто од светското производство на кондоми. Главниот извршен директор Го Миа Киат изјави заРојтерс дека компанијата нема друг избор освен да ги пренесе трошоците на купувачите. Нитрил латексот, клучна суровина за производство на кондоми без латекс, веќе ги удвоил цените, а силиконското масло за подмачкување поскапело 30 отсто, пренесуваат Euronews и NL Times.

Испораките до Европа траат двојно подолго

Пред иранската криза, пратките од Малезија до Европа и САД патувале околу еден месец. Денес истиот пат трае близу два месеци. Последицата е парадоксална: побарувачката пораснала за 30 отсто, бидејќи купувачите нарачуваат повеќе во страв од нови прекини, додека бродовите со кондоми стојат заглавени на море. „Гледаме многу кондоми на бродови кои не пристигнале на дестинацијата, а итно се потребни”, рече Го заРојтерс.

Засегнати се и програмите на ОН и NHS

Карекс снабдува јавни здравствени системи, вклучувајќи го британскиот NHS и хуманитарните програми на Обединетите нации. Аналитичарите предупредуваат дека растот на цените и прекините во снабдувањето може да ја загрозат достапноста на контрацептивите во земјите зависни од странска помош, особено по претходното кратење на програмите на УСАИД. Нигерија веќе пријавила пад на дистрибуцијата на кондоми од 55 отсто во периодот декември 2024 до март 2025, според УНАИДС.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни