На 11ти јуни, четврток во Денсинг салата на МКЦ од 20 часот ќе се одржи концертна изведба на вториот албум „Без никого да удриш“ од бендот Алембик
На концертот присутните ќе можат да го купат винил изданието на албумот во и да ја погледнат премиерата на документарниот филм за процесот зад концертот и албумот/
Влезниците се во продажба само на mktickets.mk по цена од 300 ден. а ќе можете да се купат и пред самиот концерт на билетарницата на мкц кога ќе чинат 400 ден.
Алембик се: Ива Дамјановски -теремин, клавијатури, вокал; Виктор Танасковски – електрични и акустични гитари, кларинет и вокал; Филип Ефински – електрична гитара; Андреа Мирческа -бас гитара; Драган Теодосиев – тапани и перкусии; Лила Мирчевска и Александра Арсовска – пратечки вокали.