Застава 101 беше и остана еден од најпрепознатливите автомобили од една епоха. Сите го сакаа и со радост го возеа, некои го имаат дури и денес, а многу има на оние кои се прашуваат колку би чинел денес.
Застава 101 е модел развиен на основа на Фиат 128, а светло ден го видел далечната 1971 година. Со иновативниот концепт на пет врати, односно комби-лимузина, брзо наиде на одличен одек меѓу домашните возачи.
Еден од адути на стоеденот беше и цената. Според достапните извори, кои ги објави Застава форум, цената на новиот стојадин објавена 1972 година во АВТО Магазин била 40.040 динари или тогаш околу 2.084 долари. Преведено на денешните вредности, со оглед на инфлацијата, пресметано е дека цената на тој автомобил би била околу 15.500 долари или околу 15.000 евра.
Можеби е уште подобар показател куповната моќ на граѓаните преку износи на просечни плати. Кон крајот на 1980-те стојадин спаѓал во поевтините модели на пазарот, а за него било потребно да се издвојат 38 просечни плати.
Достапен во две моторни варијанти со 1.1 и 1.3 бензинци, моќни 55 односно 65 КС, и во две основни каросериски верзии (со три и пет врати), стојадин стекнал респектабилни бројки. Иновативниот концепт на компактен автомобил пристигнал на пазарот четири години пред Голф I. Имал многу адути, но времето буквално го прегазило. Кога престанал да се произведува во речиси непроменет облик, Голф веќе бил на шеста генерација, пренесува Index.hr.
Автомобил Застава 101 се произведувал цели 37 години, до 21. ноември 2008 година. Произведени се 1.045.458 примероци, од кои дури 224.851 завршиле во извоз.