Кои европски економии растат најбрзо во 2026: Кипар, Бугарија и Шпанија далеку пред еврозоната

Еврозоната забавува со раст од само 0,8%, но Кипар, Бугарија и Шпанија бележат повеќекратно побрз економски раст во првиот квартал од 2026 година.

Економскиот раст во еврозоната во 2026 година продолжува да разочарува, со само 0,1% квартален раст и 0,8% на годишно ниво во првиот квартал, покажуваат податоците на Евростат. И додека големите економии во Западна Европа стагнираат, неколку земји од југот и истокот на ЕУ значително се одвојуваат од просекот и бележат силен раст.

Кој расте најбрзо?

Според најновите податоци, најбрзорастечки економии во ЕУ се: Кипар – 3,0% раст, Бугарија – 2,9% раст и Шпанија – 2,7% раст. Овие три економии растат повеќе од три пати побрзо од просекот на еврозоната, иако секоја се соочува со различни структурни ризици.

Кипар е на врвот со 3,0% раст, поттикнат од силна приватна потрошувачка, инвестиции од ЕУ фондови и рекордна туристичка сезона. Но, економијата останува чувствителна на надворешни шокови. Енергетските тензии и конфликтите на Блискиот Исток веќе влијаат врз инфлацијата и туризмот, кој учествува со околу 14% во БДП. Дополнително, пад на туристичките посети во март од околу 30% укажува на ранливост на економијата.

Бугарија: раст со нови ризици по влезот во еврозоната

Бугарија, која од јануари 2026 е дел од еврозоната, бележи раст од 2,9%. Растот е поддржан од инвестиции, потрошувачка и европски фондови, но експертите предупредуваат на прегревање на економијата. Инфлацијата забрзува, платите растат побрзо од продуктивноста, а буџетскиот дефицит надмина 3% од БДП – што може да отвори постапка од Европската комисија. И покрај растот, финансиската стабилност станува клучен предизвик.

Шпанија е најдобро рангирана меѓу четирите најголеми економии во еврозоната, со раст од 2,7%.

Главниот двигател е домашната побарувачка – потрошувачка, инвестиции и инфраструктурни проекти финансирани од ЕУ фондови.

Сепак, земјата се соочува со: висока јавна задолженост, ниска продуктивност, структурни проблеми на пазарот на труд. И покрај тоа, Шпанија го надминува растот на Германија, Франција и Италија, кои остануваат под 1,2%.

Поширока слика: Европа се дели на два брзини

Податоците покажуваат јасен тренд: европската економија во 2026 се дели на две групи и тоа бавен раст во „старото јадро“ на еврозоната и побрз раст во југот и источниот дел на ЕУ

Дополнителен фактор се: ЕУ фондови (NextGenerationEU), миграција и раст на работната сила и енергетски шокови поврзани со геополитиката. Економистите предупредуваат дека високите цени на енергијата и геополитичките ризици можат дополнително да влијаат врз инфлацијата и растот во следниот период.

е-Трн да боцка во твојот инбокс