Ќе се подготвува Договор за пристапување на Црна Гора во ЕУ

Црна Гора која преговара неколку години се смета за најнапредна земја кандидатка за полноправно членство во ЕУ

Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија ќе формираат посебна работна група која ќе почне со изготвување на Договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ.

Документот, кој ќе биде потпишан по завршувањето на преговорите, за прв пат ќе вклучува дополнителни заштитни мерки. Тие имаат за цел да спречат назадување во областа на демократијата и владеењето на правото.

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, нагласи дека овие мерки нема да претставуваат нови критериуми, туку гаранција за почитување на основните вредности на Унијата.

„Не станува збор за создавање дополнителни услови за една земја. Но, ако има назадување во однос на нашите основни вредности, како што се демократијата и владеењето на правото, мора да постојат механизми за заштита на Унијата. Ова е неопходно за да се одржи довербата – и меѓу земјите-членки и меѓу граѓаните и во самиот процес на проширување“, изјави Кос пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Црна Гора која преговара неколку години се смета за најнапреден кандидат за членство во ЕУ. Властите на земјата имаат за цел да ги завршат преговорите до крајот на годината, отворајќи го патот за потпишување и ратификација на договорот, процес што обично трае помеѓу една и три години

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни