Делови од Кисела Вода без струја до 14:30 часот

Прекинот е најавен поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Дел од улицата „Јустинијан Први“ во општина Кисела Вода денеска ќе биде без електрична енергија поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Како што информираат од ЕВН Македонија АД, прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 14:30 часот.

Од компанијата посочуваат дека станува збор за планирана интервенција, а снабдувањето со електрична енергија треба да се нормализира по завршување на активностите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни