Кети Пери и Џастин Трудо снимени во Котор додека одмараат на Јадранот

Холивудската пејачка и поранешниот канадски премиер уживаат во Црна Гора, а пејачката ја покриваше главата за да не биде препознаена.
Фото: Instagram/podgoricki_vremeplov

Познатата пејачка Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо беа забележани заедно за време на нивниот одмор во Котор, Црна Гора. Додека Трудо опуштено го чекаше транспортниот автомобил, пејачката се обиде да се заштити од љубопитните погледи и камерите на минувачите. Нивното заедничко појавување на Јадранот веднаш предизвика внимание на социјалните мрежи и во регионалните медиуми.

Снимките што се проширија на социјалните мрежи ги прикажуваат Пери и Трудо во заливот Бока Которска. Пејачката носеше големи очила за сонце и капа, обидувајќи се да го скрие лицето со рацете додека минуваше покрај локалното население и туристите.

Од друга страна, поранешниот канадски премиер делуваше доста опуштено во лежерна облека, трпеливо чекајќи да пристигне возилото што требаше да ги превезе до следната локација.

Видеата Котор брзо станаа вирални на локалните платформи. Голем дел од корисниците коментираа дека обидот за криење на пејачката бил непотребен, бидејќи во такво секојдневно и лежерно издание малкумина веднаш би ја препознале на улица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс