Кецмановиќ како „инспирација“ во дојавите за бомби низ Хрватска

Во морничавите закани испратени до училишта низ Хрватска, медиумите пренесуваат дека авторот се повикува на Коста Кецмановиќ и споменува TATP бомби, по што следувале евакуации и полициски проверки.

Бран лажни дојави за поставени бомби утрово ги зафати бројни училишта низ Хрватска – во Истарската, Карловачката и Сплитско-далматинската жупанија. Десетици средни училишта во Пула, Карловац, Сплит и Каштела примија заканувачки е-пораки, по што учениците и наставниците беа итно евакуирани, а полицијата веднаш започна со проверки.

Како што објавува „Далмација Данас“, содржината на е-поштата била испратена до адресите на средните училишта во Сплит., а потоа се раширила на социјалните мрежи.

Содржината на заканата која се шири на социјалните мрежи е особено вознемирувачка – авторот тврди дека во училиштата се поставени TATP бомби, истите направи кои беа употребени во терористичките напади во Париз, Истанбул и Лондон. Во пораката се споменува и масовниот напад на Коста Кецмановиќ, а авторот се идентификува со него

„Сакам да ве известам дека во Сплит се поставени рачно изработени, смртоносни, експлозивни направи наречени TATP бомби (над 3 кг, насекаде во училиштето), истите направи што ги потресоа Париз, Истанбул, Лондон и училиштата низ целиот свет.

Присутни се неколку ученици, членови на неонацистичката идеологија, кои ќе ја активираат експлозивната направа и ќе се разнесат себеси и целото училиште, а и сите деца во него, бидејќи немаат што да изгубат, тие се живи, но се мртви одамна. Крв ќе тече по скалите, родителите ќе ја газат додека доаѓаат да ги бараат своите најблиски. И нема да најдат никого.

Јас ги следам стапките на Коста Кецмановиќ, тој не беше луд, тој беше скршен… и јас сум скршен… и сите ние што сме тука сме скршени. Единствената разлика е што тој не стигна до крајот,“ пишува во морничавата порака.

Покрај училиштата, дојави за бомби пристигнаа и до трговски центри во Загреб – Арена Центар и Арена Парк беа испразнети како превентивна мерка. Властите во сите засегнати градови водат истрага со цел да ги идентификуваат испраќачите.

Ова не е изолиран случај – ден претходно слични пријави ги погодија училиштата во Приморско-горската жупанија, а во текот на истата недела закани беа примени и во Дубровник, Сплит, Загреб и Риека.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни