Над 250 учесници на бесплатната обука на dm и „Матрона“ посветена на психичките промени во бременоста и по породувањето

dm и „Матрона“ реализираа бесплатна онлајн обука за психичките и емоционалните промени во бременоста и по породувањето, со над 250 учесници.

Над 250 учесници беа дел од бесплатната онлајн обука што dm drogerie markt и Здружението „Матрона“ ја реализираа на 18 август, во рамки на „Караванот на мајчинство“.

Овојпат, во фокусот беше важна тема за идните и новите мајки – психичките и емоционалните промени во текот на бременоста и периодот по породувањето, како и начините за полесно справување со нив.

Стручни насоки за периодот на бременост и мајчинство

На темата „Психички промени во текот на бременоста и по породувањето – што може да очекуваме и на кој начин може да се поддржиме?“ зборуваше м-р Марија Стојкоска Василевска, психолог.

Таа на учесниците им понуди стручни информации и практични насоки за различните промени што можат да се појават во овој значаен животен период.

Во текот на обуката беше посветено внимание на начините на кои жените можат да се поддржат себеси во процесот на приспособување кон мајчинството, но и на значењето на поддршката од партнерот, семејството и најблиското опкружување.

Психичката благосостојба како дел од грижата за мајката

Посебен акцент беше ставен на грижата за психичката благосостојба на жената, како важен дел од целокупната грижа во текот на бременоста и по раѓањето на детето.

Присутните имаа можност подобро да се запознаат со чувствата, искуствата и предизвиците што можат да го придружуваат периодот на бременоста и по породувањето.

Отворениот разговор, навременото информирање и достапноста на релевантни стручни информации можат да им помогнат на жените подобро да ги препознаат сопствените потреби и промените што ги доживуваат во периодот на премин кон мајчинството.

Ваучер за учесниците

Покрај едукативниот дел, сите учесници добија и ваучер за 15 проценти попуст на производите од dm марката babylove, како дополнителна поволност од dm за идните и новите родители.

„Караванот на мајчинство“ продолжува втора година

Обуката е дел од „Караванот на мајчинство“, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред.

Целта е мајките, идните родители и семејствата да добијат бесплатен пристап до стручни информации и едукација за теми важни во различните фази од родителството.

Годинешното издание досега опфати повеќе онлајн обуки и едукативни средби во живо. На нив беа обработени теми како дохрана на бебињата, спиење и навики кај децата, ран моторен развој, пренатална едукација и грижа за новороденче, како и правилна исхрана и орална хигиена кај трудниците и децата.

Преку „Караванот на мајчинство“, dm и „Матрона“ продолжуваат да отвораат теми важни за мајчинството и родителството и да ги доближуваат стручните и релевантни информации до оние на кои им се најпотребни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс