Трите соседни земји обединети за заштита на Преспанското Езеро во УНЕСКО

Македонија, Грција и Албанија со поддршка од ЕУ подготвуваат заедничка кандидатура за природното богатство, а следната недела министри за култура ќе ги договараат следните чекори.

Македонија, Грција и Албанија ја засилуваат соработката за впишување на Преспанското Езеро на Листата на светско природно и културно наследство на УНЕСКО. Оваа заедница и заедничка кандидатура за Преспа во УНЕСКО добива и директна поддршка од Европската Унија, која освен политичка помош, одлучи да ги финансира и првите соодветни студии за заштита на езерскиот регион.

Следниот петок во грчката општина Преспа ќе се одржи министеpски состанок на кој ќе присуствуваат министрите за култура Седат Сулејмани, Лина Мендони и Бленди Гонџа, како и евроамбасадорот во Скопје, Михалис Рокас. На средбата ќе бидат дефинирани следните конкретни чекори за формализирање на апликацијата.

Заедничката кандидатура за Преспа во УНЕСКО носи повеќекратна корист за регионот. Покрај зголемената меѓународна заштита, иницијативата отвора можности за подобрен одржлив развој, поквалитетен туризам и подобри перспективи за локалното население. За зајакнување на регионалната поврзаност и туристичка соработка дополнително ќе помогне и новиот граничен премин кој е во изградба.

Идејата за заштита на езерото потекнува уште од 2014 година кога Грција го стави регионот на индикативната листа на УНЕСКО, но процесот сега се издигнува на ниво на трипартитна регионална иницијатива со европска поддршка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс